Samsung Galaxy Z Flip 4 ќе добие поголема батерија и побрзо полнење

Објавено на 10.05.2022 во Преклопни уреди



Samsung Galaxy Z Flip 4 ќе добие поголема батерија и побрзо полнење

Следниот преклопен смартфон на Samsung би требало да добие поголем капацитет на батеријата, тврди Ice Universe. Galaxy Z Fold 4 ќе биде со 4,400mAh, што е исто како претходната генерација, исто како и моќноста на полнењето од 25W.

Меѓутоа, Galaxy Z Flip 4 добива поголема батерија од 3,700mAh, што не е малку, со оглед на тоа што претходните три модели на Z Flip беа со 3,300mAh. Се разбира, брзината на полнењето кај Flip 4 се надградува со 25W полнење, при што, Flip 3 беше со поддршка од 15W. Двата модела под хауба се очекува да пристигнат со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 Plus процесорот.