Motorola Razr 2022 е целосно редизајниран, излегува ова лето

Објавено на 10.05.2022 во Преклопни уреди



Motorola Razr 2022 е целосно редизајниран, излегува ова лето

Motorola беше една од првите компании што лансираше преклопен смартфон, која се уште не лансирала наследник на Motorola Razr 2020 5G. Изгледа времето на новиот Razr дојде. Иван Блес тврди дека наводно новиот Motorola Razr 2022 ќе биде конкуренција на Galaxy Z Flip. 

Блес тврди дека новиот преклопен смартфон на Motorola е со кодно име Maven и ќе биде со сличен изглед како Z Flip 3. Motorola Razr 2022 5G се очекува да биде со камера од 50MP + 13MP. Селфи камерата ќе биде со 32MP.

Razr 2022 би требало да биде со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1+ процесор, 8GB и 12GB RAM верзии со мемории, 256GB или 512GB внатрешна меморија. Razr 3 наводно би требало да пристигне во текот на летниот период, при што најпрво ќе се лансира во Кина, а подоцна ќе биде достапен на глобалниот пазар.