Google Pixel 6a наводно започнува со производството

Објавено на 10.05.2022 во Новости



Google Pixel 6a наводно започнува со производството

Има гласини дека следниот буџетски смартфон на Google започнува да се произведува овој месец - Pixel 6a. Ликстерот Мукул Шарма вели дека производството на Pixel 6a започнало во некои азиски земји. 

Google најверојатно ќе го открие новиот евтин смартфон за време на Google I/O настанот, кој започнува на 11 мај, утре, а би можел да започне со продажба од 28 јули. Pixel 5a беше достапен само во САД и Јапонија, но Pixel 6a се очекува да биде глобално достапен.

Pixel 6a се очекува да пристигне со хоризонтална камера и дупка за селфи камерата од 8MP на средина, 6.2-инчен дисплеј, задна камера од 12.2MP + 12MP . Под хауба би требало да го добие истиот Tensor чип што го имаат Pixel 6 и 6 Pro, 6GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија. 

Автор: Aleksandar Stankov