Netflix ќе наплаќа за споделување на лозинки и ќе има ТВ реклами

Објавено на 11.05.2022 во Новости



Netflix ќе наплаќа за споделување на лозинки и ќе има ТВ реклами

Милиони семејства што ги споделуваат своите Netflix профили со пријателите и членовите на семејствата, можеби наскоро ќе мора да плаќаат повеќе за претплата. Тоа ќе се случи кога Netflix ќе ја реализира својата најава за укинување на споделување на лозинки, планирано за до крајот на 2022 година.

Netflix проценува дека речиси една третина од сите домаќинства што ја користат стриминг услугата, имаат заедничка сметка што го плаќа едното домаќинство. „Со 222 милиони домаќинства што ја плаќаат нашата услуга за стриминг сервисот, проценуваме дека таа се споделува со над 100 милиони дополнителни домаќинства“, објави Netflix во прегледот на податоци за тримесечната заработка во април.

Netflix подоцна во текот на годината сака да воведе и нова поевтина претплата со реклами.

Автор: Aleksandar Stankov