Google го претстави новиот Pixel 6а, има најава и за првиот смарт часовник

Објавено на 12.05.2022 во Смарт часовници



Google го претстави новиот Pixel 6а, има најава и за првиот смарт часовник

На вчерашната конференција, Google објави дека работи на свој смарт часовник, кој излегува есента, заедно со телефоните Pixel 7 и Pixel 7 Pro. Најавени се и очила со поддршка за проширена реалност, кои ќе може да го преведуваат говорот во реално време.

Сево ова е само најава за следните производи, додека за Pixel 6a се објавени деталните спецификации. Google Pixel 6а е евтина верзија на Google Pixel 6 со Google Tensor процесор, екран од 6,1 инч, фреквенција од 60Hz, 6GB RAM меморија, капацитет на батерија од 4400mAh, а со Extreme Battery Saver опцијата може да издржи до 3 дена.

Google Pixel 6а доаѓа со главна камера од 12MP + 12MP, додека селфи камерата изнесува 8MP. Цената ќе биде 450 долари за американски пазар, додека за Европа останува да видиме подоцна.