Таткото на iPod смета дека Metaverse е токсичен

Објавено на 13.05.2022 во Новости



Таткото на iPod смета дека Metaverse е токсичен

Технологијата не поврзува, но и не разделува, зависи кој како ја употребува. Наместо приказни и забава, денес не е ретко да видите пријатели и познаници да седат едни покрај други и времето да го поминуваат во тишина и да зјапаат во екраните без меѓусебна комуникација.

Такво сценарио ќе имаме се повеќе со развојот и популарноста на Metaverse, кој што би можел да стане уште поголем и таквите виртуелни светови, би можеле дополнително да и наштетат на човечката интеракција. Со таквите очила потребни за пристап кон Metaverse, луѓето губат можност за да ја гледаат другата личност во лице и може да набљудуваат само во виртуелните светови, изјавил Тони Фадел. Фадел во технолошкиот свет е познат како „таткото на iPod“: „Ако ја ставите технологијата помеѓу човечките односи, тогаш настанува токсичност“, вели тој.