Apple ќе ја изигра ЕУ и ќе воведе безжично полнење кај iPhone 15 (2023)

Објавено на 13.05.2022 во iOs



Apple ќе ја изигра ЕУ и ќе воведе безжично полнење кај iPhone 15 (2023)

ЕУ воведе стандардизација на полначот да биде за сите производители на смартфони со USB C. Apple сепак најде дупка во законот и така следните смартфони ќе бидат со безжично полнење. Аналитичарот Минг-Чи Куо будно ги следи новитетите на Apple и вели дека iPhone 14 ќе пристигне со USB-C приклучок, но другата година кај iPhone 15 ќе имаме исклучиво безжично полнење.

Следните модели на iPhone би можеле да се полнат со било кој полнач со поддршка за USB-C. Apple веќе има некои модели на iPad и Mac со USB-C, а сега ќе го има и во следниот iPhone што излегува есента.