Honor е број еден на кинескиот пазар за смартфони

Објавено на 13.05.2022 во Новости



Honor е број еден на кинескиот пазар за смартфони

Canalys е аналитичка компанија, што врши обработка на податоци за продажба на смартфони. Објавен е списокот со продажба на смартфони во Кина за првото тримесечје во 2022 година. Се бележи пад на доставата на смартфони. Годинава се пуштени во продажба вкупно 75,6 милиони телефони, што е пад од 18% во споредба со истиот период лани.

Иако станува збор за голем пад, тоа може да се сфати како една корекција на пазарот, поради тоа што има многу конкуренција. Сепак, првото место му припаднало на Honor годинава, кој има 20% учество на пазарот во Кина, а реализирал раст од 200%.