Илон Маск ќе ја укине забраната за Трамп на Twitter: „Тоа е морално погрешно и глупаво“

Објавено на 14.05.2022 во Новости



Илон Маск ќе ја укине забраната за Трамп на Twitter: „Тоа е морално погрешно и глупаво“

Илон Маск е спремен да плати 44 милијарди долари за Twitter и смета дека треба да се врати Доналд Трамп на Twitter. Тој ја оцени забраната како морално погрешна и глупава.

Доналд Трамп имаше над 88 милиони следбеници, а профилот му беше укинат пред самиот крај на неговиот мандат, поради поттикнување на насилство. Трамп изјавил за Fox News дека нема повторно да го користи Twitter, дури и ако Маск го купи и му го врати профилот. 
 

Автор: Aleksandar Stankov