Македонија е на списокот на Starlink за сателитски интернет

Објавено на 14.05.2022 во Вселена



Македонија е на списокот на Starlink за сателитски интернет

Македонија се наоѓа на списокот на Starlink, компанијата на Илон Маск, која полека се распространува низ цел свет за да понуди сателитски интернет дури и во најтешко достапните предели. Сателитската интернет услуга на Starlink моментално е достапна во 32 земји, при што вклучува делови од: Австралија, Бразил, Чиле, САД, Канада и поголемиот дел од Европа.

Брзината на испорака на опремата е голема предност на сателитскиот интернет, за кого нема потреба од инфраструктура, соопшти Илон Маск на Twitter. На официјалната веб страница имате мапа за да погледнете каде сè е достапна оваа услуга. Како што пишува на мапата, Македонија би требало да добие услуги во втората половина на 2022 година.