Шефот на криптоберзата FTX смета дека bitcoin нема иднина како платна мрежа

Објавено на 16.05.2022 во Крипто



Шефот на криптоберзата FTX смета дека bitcoin нема иднина како платна мрежа

За некои криптовалутите се уште се голема измама, додека за други тоа е иднината, сметајќи дека децентрализираните финансии со блокчејн технологија ќе го преземат приматот над класичните финансиски институции. За позитивните страни на крипто како што е bitcoin, најчесто читаме кога цената расте, а кога имаме пад на вредноста, секогаш има негативни вести.

Сем Бенкман-Фрајд е еден од основачите и извршен директор на крипто берзата FTX. Според последното вложување во FTX во февруари, вредноста на таа берза изнесува 32 милијарди долари, додека Бенкман-Фрајд има богатство вредно над 20 милијарди долари. Тој смета дека bitcoin нема иднина како платна мрежа, поради неефикасноста и големите трошоци за околината.

Како алтернатива ја издвоил “proof of stake” (POS) мрежата, која е енергетски поефикасна и побрзо обработува трансакции во споредба со “proof of work” (POW) мрежите. Ако ги споредиме bitcoin и ether, треба да се нагласи дека ether е во постапка на транзиција кон POS мрежата. Bitcoin може да го гледаме како имот и средство за вложување на долг рок, кој има одредена вредност за сите оние што го поседуваат, како златото. 

Автор: Aleksandar Stankov