Погледнете го Tesla Model T, чудовиште на гасеници

Објавено на 16.05.2022 во Електричен погон



Погледнете го Tesla Model T, чудовиште на гасеници

Германскиот тим од YouTube каналот The Real Life Guys се познати по нивните креативно луди креации, како што се подморници со када и неверојатни теренски инвалидни колички. Нивниот нов проект е финансиран од Autohero, итнернет пазар за половни автомобили.

Креацијата на ова чудовиште од возило се одвивала четири дена, деноноќно. Тие со својата необична визија го трансформирале  Tesla Model 3 во масивен електричен тенк со тежина од шест тони и го преименувале во Tesla Model T. „Ако постои начин за да го направите Tesla екстра кул, тогаш тоа се гасениците од 1,3 тони“, пишува The Drive.