Galaxy Z Fold 4 ќе има подобрена телефото камера од S22 Ultra

Објавено на 16.05.2022 во Преклопни уреди



Galaxy Z Fold 4 ќе има подобрена телефото камера од S22 Ultra

Преклопната технологија се повеќе се подобрува со текот на годините, за која Samsung моментално е лидер на пазарот. Сега имаме гласини дека Galaxy Z Fold 4 ќе има подобрена камера од Fold 3, која што содржи примарен сензор од 12MP, телефото камера од 12MP со 2x оптички зум и ултра-широк сензор од 12MP. 

Ice Universe сега ги открива точните спецификации за Fold 4. Новиот Galaxy Z Fold ќе биде со 50MP главна камера, 12MP ултра-широк сензор и 12MP телефото камера со 3x оптички зум. Galaxy Z Fold 4 би требало да го има најдобриот телефото сензор од сите Samsung смартфони досега, со 3 пати оптичко зумирање, што ќе биде подобар и од сензорот на Galaxy S22 Ultra.