Илон Маск сака да ја намали договорената цена за купувањето на Twitter

Објавено на 17.05.2022 во Новости



Илон Маск сака да ја намали договорената цена за купувањето на Twitter

Преземањето на Twitter нема да биде толку едноставно, ниту без проблеми како што изгледаше на почетокот, а можеби и нема да ја плати цената што ја соопшти. Причината зошто сака Илон Маск да ја намали цената за купувањето на социјалната мрежа е бројот на лажни профили.

Неофицијално, одредени аналитичари сметаат дека овој потег на Маск е тоа што вредноста на акциите на Tesla за кратко време паднаа за околу 400 долари, што влијае врз богатството што го поседува Маск, па сега наоѓа изговори за намалување на цената. Тимот на Twitter смета дека лажните профили се околу 5%, додека Маск верува дека се четири пати повеќе, односно 20%.