Apple фрли око на Canoo, за развој на електрични возила

Објавено на 17.05.2022 во Новости



Apple фрли око на Canoo, за развој на електрични возила

Apple во последните неколку месеци вработи нови експерти од автомобилската индустрија од Ford, Rivian, Tesla, BMW, Mercedes, Waymo и други компании, кои што ќе му помогнат да го забрзаат проектот и развојот на Apple електричните автомобили. 

Плановите на Apple би можеле да се забрзаат со потенцијалната аквизиција за која што се спомна од 2021 година - Canoo. Станува збор за компанија добро позната кај оние што го следат пазарот на електрични возила. Основана е пред пет години и развиле платформа што може да се користи за различни електрично возило и пикап. Canoo има финансиски проблеми и затоа бара финансирање, а Улрих Кранц е поранешниот извршен директор на Canoo, кој сега е еден од најважните луѓе во Apple, кој што може да биде најважната конекција за евентуалната аквизиција на помалата компанија. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: