Руски хакери го нападнаа системот за гласање на Евровизија

Објавено на 17.05.2022 во Новости



Руски хакери го нападнаа системот за гласање на Евровизија

Руската хакерска група Killnet најавија дека ќе ја нападнат инфраструктурата на Евровизија, со седиште во Италија, со целосно рушење на системот за гласање. Се разбира, сите претпоставуваа дека Украина ќе победи, па затоа целта беше да не победи Украина.

Италија потврди дека имало обиди да се урне системот за гласање на финалето, но не успеале и Украина сепак победи на Евровизија 2022. Руската хакерска група се обидела со класичен DDoS напад, со кој што сакале да го загушат сообраќајот за да го оневозможат гласањето. Killnet сакале да го нападнат повеќе земји, а не само Италијанските веб страници: САД, Велика Британија, Германија, Италија, Романија, Латвија, Литванија, Естонија, Полска и Украина. Се уште не е познато дали руската хакерска група е во договор со руската влада или Killnet делува самостојно