Netflix размислува за воведување на опција за стриминг (во живо)

Објавено на 18.05.2022 во Новости



Netflix размислува за воведување на опција за стриминг (во живо)

Netflix повеќекратно профитираше за време на пандемијата, па така цената на акциите се искачи на речиси 700 долари во ноември 2021 година, но оттогаш е постојано во црвено светло. При вчерашното затварање на берзата, цената била 190 долари. 

Поради ниската цена и губењето на корисниците, Netflix мора да промени нешто. Така се зголеми контролата за спречување на споделување лозинки и реклами се воведоа. Третата опција што би можела да се додаде е live streaming.

Гласините велат дека оваа опција е во рана фаза на развој, а Netflix планираат да ја искористат за содржина при настапи во живо кога се претставуваат таленти за пеење, играње и слично. Така ќе може и да се гласа во живо, секој за својот фан. Така “Joke Fest” на Netflix се планира да се објави во 12 епизоди, кој се одржа оваа година, но во иднина таквите настапи ќе се одржуваат во живо на Netflix.