Apple спрема смартфон на преклоп со E Ink помошен екран во боја

Објавено на 18.05.2022 во Преклопни уреди



Apple спрема смартфон на преклоп со E Ink помошен екран во боја

Минг-Чи Куо потврди дека Apple работи на преклопен смартфон веќе цела година. iPhone Foldable ќе може главниот екран да го преклопува, а ќе има и дополнителен екран, но нема да биде LCD или OLED, туку E ink екран. Станува збор за екран во форма на новинарски весник, каков што го користи Amazon за своите уреди Kindle за е-книги. 

Kindle е со црно-бел екран, а iPhone ќе има E Ink екран во боја. Таквите екрани се послаби во споредба со класичните екрани, но многу попрактични се, затоа што штедат батерија. Токму поради тоа Apple го воведува ваквиот екран. Преклопните уреди на Apple не би требало да излезат пред 2025 година, а наводно се очекува да излезе и уште еден уред со 20 инчен екран кога ќе го отворите, кој би требало да излезе после 2026 година.

Автор: Aleksandar Stankov