Нетфликс со втора рунда на отпуштања, овој пат 150 вработени

Објавено на 19.05.2022 во Новости



Нетфликс со втора рунда на отпуштања, овој пат 150 вработени

Нетфликс најавува отпуштање на 150 вработени, во вториот круг на отпуштања, затоа што компанијата се бори со екстремно намалена цена на акциите на берзата и претрпува загуби.

Се разбира, компанијата се оградува од тоа дека вработените не се ефикасни, туку дека единствената причина е деловна. Досега се отпуштени околу 2% од вкупниот број на вработени во Нетфликс.