Џо Бајден има 32 милиони следбеници на Твитер, а 14,6 милиони се лажни

Објавено на 19.05.2022 во Новости



Џо Бајден има 32 милиони следбеници на Твитер, а 14,6 милиони се лажни

Очигледно популарните профили имаат прилично висок процент на следбеници со лажни профили. Се разбира, тоа најверојатно се должи и на маркетинг агенциите кои гарантираат дека ќе добиете голем број на следбеници, но еве го резултатот. 

Лажните профили на Твитер сега се најпопуларни, во периодот кога Илон Маск сака да ја купи социјалната мрежа. Затоа агенцијата Спарк Торо извршила истражување, и утврдила дека 43% од следбениците на американскиот политичар Џо Бајден се со лажни профили. 

Инаку, Илон Маск го обвинува Параг Агравал, извршниот директор на Твитер, дека не се само 5% од профилите лажни, туку дека се многу повеќе. Од вкупно 32 милиони следбеници на Бајден, 43%, т.е. 14,6 милиони се лажни.





Прочитајте повеќе: