Tesla системот за отворање на автомобилот без клуч е пробиен

Објавено на 19.05.2022 во Електричен погон



Tesla системот за отворање на автомобилот без клуч е пробиен

Системот за отклучување и стартување на Tesla автомобилите без клуч е пробиен од страна на експертот за компјутерска безбедност, Султан Касин Хан, кој работи како главен консултант за безбедност во NCC Group

Системот за отворање и стартување на Tesla без клуч е високо ценет од клиентите на американската компанија, но очигледно е дека не е доволно сигурен. Султан вели дека хакер може многу лесно да го пробие системот и да стартува Model 3 или Model Y.

Тоа може да се направи со едноставно пренасочување на комуникацијата меѓу телефонот и автомобилот, со цел да се натера системот да верува дека сопственикот бил физички близу до автомобилот.