Apple ги зголемува цените за своите претплатници, но прво ќе ве праша
Објавено на 19.05.2022 во iOs
Apple ќе наплаќа повисока цена за претплата, но не без дозвола, туку прво ќе го праша корисникот дали сака да продолжи по нова цена со претплата. Доколку корисникот не одговори ништо, претплатата автоматски се откажува.
Девелоперите ќе може да наплаќаат по повисока цена, за кои исто така има ограничувања и различни начини. На пример, девелоперот може да ја зголеми претплатата за 5 долари месечно најмногу или 50 долари годишно. Доколку корисникот не се согласи да плаќа нова повисока цена, може да се откаже во секој момент.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.