Илон Маск изгуби 49 милијарди долари кога најави купување на Twitter

Објавено на 21.05.2022 во Електричен погон



Илон Маск изгуби 49 милијарди долари кога најави купување на Twitter

Најбогатиот човек на светот почна да ја брани слободата на говорот на Twitter и да плати неверијатни 44 милијарди долари. Меѓутоа, не очекувал дека состојбата на берзата ќе биде толку песимистичка каква што е денес. Од почетокот на годината, акциите на Tesla се во голем минус, каде што Маск е најголемиот акционер.

Кога најави дека ќе го преземе Twitter, вредноста на Tesla Motors падна за 30%. Со падот на вредноста на акциите изгуби дури 49 милијарди долари, точно толку колку што планира да потроши за преземањето на Twitter. Од почетокот на годината, Маск изгубил над 60 милијарди долари, но не е единствениот. Шефот на Binance, Чангпенг Жао годинава е во минус од 80 милијарди долари, а Џеф Безос е 62 милијарди долари минус. 

Автор: Aleksandar Stankov