Google Pixel Watch доаѓа со ECG технологија и ќе мери кислород во крвта

Објавено на 22.05.2022 во Смарт часовници



Google Pixel Watch доаѓа со ECG технологија и ќе мери кислород во крвта

Долгоочекуваниот Google Pixel Watch беше официјално презентиран за време на Google I/O настанот за девелопери, за кого протекоа уште детали. 9To5Google открива дека смарт часовникот ќе биде со 32GB внатрешна меморија и 1.5GB RAM меморија, Wear OS кориснички интерфејс.

Ликстерите се уште не се сигурни дали RAM меморијата ќе биде 2 гига или 1,5 гига, додека процесорот најверојатно ќе биде Exynos 9110, и ќе мери отчукувања на срцето, кислород во крвта и ECG технологија. Pixel Watch ќе биде со цена блиска до 500 долари. Најмалиот модел би требало да биде 40мм, со батерија од 300mAh.