Amazon сака да развива производи за проширената реалност (AR), а не виртуелната

Објавено на 23.05.2022 во Новости



Amazon сака да развива производи за проширената реалност (AR), а не виртуелната

Првиот човек на Amazon во одделот за развој на хардвер, Дејвид Лимп, рекол за време на Future of Everything Festival, дека ако прашате сто луѓе што е според нив Metaverse, би добиле 205 различни одговори. Немаме заедничка дефиниција, според многу луѓе тоа значат многу различни нешта. 

Лимп има различен став од Цукерберг и тврди дека неговата компанија се фокусира на развој на уреди што ќе им помогнат на луѓето да уживаат во реалниот свет, наместо во виртуелниот свет. Лимп тврди дека AR очилата се многу подобри од VR очилата, затоа што вторите се целосно разделени од реалноста, а проширената реалност им овозможува на луѓето да бидат присутни во реалниот свет и да бидат свесни за се што се случува околу нив, а истовремено ќе имаат пристап кон напредна технологија што ќе им го олесни животот.





Прочитајте повеќе: