Xiaomi и Leica Camera склучија договор, најавен е првиот заеднички смартфон

Објавено на 25.05.2022 во Новости



Xiaomi и Leica Camera склучија договор, најавен е првиот заеднички смартфон

Xiaomi договори стратегиска соработка со компанијата Leica Camera, а првиот смартфон на кој што соработката ќе биде видлива ќе биде претставен во јули, 2022 година. Од Xiaomi велат дека продолжуваат со технолошките иновации, со тоа што во последните години ставаат акцент на оптика, чипови и алгоритми за мобилната фотографија.

Leica Camera од друга страна има над 100 години искуство во креирањето на оптичките леќи, фотоапарати и камери. Двете компании истакнуваат дека преку екстремните технолошки откритија и потрагата по естетика, сакаат континуирано да ги истражуваат оптичките перформанси и фотографското искуство во ерата на мобилните фотографии.