Претседателката на Европската централна банка за криптовалутите: „Не вредат ништо“

Објавено на 25.05.2022 во Крипто



Претседателката на Европската централна банка за криптовалутите: „Не вредат ништо“

Криптовалутите се со променлива вредност, затоа може нагло да паднат или да пораснат. Кога кривата оди нагоре, кај инвеститорите има еуфорија, но во последно време, кога криптото е во голем пад. владее прилично голем песимизам, затоа што многу луѓе изгубија многу пари за кратко време.

Аналитичарите од „старата школа“ на финансии како што е Ворен Бафет, најчесто ги критикуваат криптовалутите. Минатата недела тие беа критикувани и од претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард. Гостувајќи на холандска телевизија, го повторни својот став: „Моето скромно мислење е дека не вредат ништо. Не се базираат на ништо, не постои темелен имот како сидро за безбедност“.