Xiaomi ги претстави Redmi Note 11T Pro, Pro+ и 11 SE

Објавено на 26.05.2022 во Новости



Xiaomi ги претстави Redmi Note 11T Pro, Pro+ и 11 SE

Xiaomi официјално презентираше три нови модели од серијата Redmi Note 11 во Кина: Redmi Note 11T Pro, Redmi Note 11T Pro+ и Redmi Note 11 SE. 

Redmi Note 11T Pro и Pro+ имаат ист дизајн и генерално слични спецификации, со големина на дисплеј од 6,6 инчи, MediaTek Dimensity 8100 процесор и главна камера од 64 MP. Pro+ се одликува со технологија за брзо полнење од 120W, помала батерија од 4.400 mAh и 512GB внатрешна меморија. Redmi Note 11 SE има екран од 90 Hz и Dimensity 700 процесор.

Redmi Note 11T Pro и Pro+ располагаат со 6,6-инчени IPS LCD панели со FHD+ резолуција (2.460 x 1.080 пиксели) и променлива стапка на освежување на екранот од 144Hz, што може да се намали на 30 Hz за да се заштеди батерија. Селфи камерата изнесува 16MP, а главната камера е со ISOCELL GW1 сензор на Samsung со 64MP, ултра-широка камера од 8MP и макро камера од 2MP. 

Note 11T Pro располага со 8GB LPDDR5 RAM и 256GB/512GB UFS 3.1 меморија, Android 12 оперативен систем и кориснички интерфејс MIUI 13. Главна разлика меѓу двата модела е батеријата и брзината на полнење. Note 11T Pro има 5.080mAh батерија и полнење до 67W, додека Pro+ има батерија од 4.400mAh со 120W полнење. Xiaomi тврди дека батеријата на Pro+ се полни до 100% за само 19 минути, кој што содржи и Surge P1 чип за следење на температурата при полнење. 

Redmi Note 11T Pro е достапен во Atomic Silver, Time Blue и Midnight Black боја. Почетната верзија на Redmi Note 11T Pro доаѓа со 6GB RAM + 128GB меморија и неговата цена изнесува 270 долари, а верзијата со 8GB RAM + 256GB меморија е 330 долари. Note 11T Pro + чини 315 долари со 8GB RAM + 128GB меморија, додека најдобриот модел со 8GB RAM + 512GB меморија е 375 долари. Astro Boy моделот е со 8GB RAM + 512GB меморија за 375 долари. Продажбата во Кина започнува на 31 мај и се очекува овие модели да излезат глобално во малопродажба.

Redmi Note 11 SE има 6,5-инчен LCD FHD+ дисплеј од 90Hz со камера од 40MP + 2 MP. Селфи камерата изнесува 8MP, има DImensity 700 процесор, 4GB/8GB RAM, 128GB внатрешна меморија, Android 11 оперативен систем и кориснички интерфејс MIUI 12 и батерија од 5.000 mAh со 18W брзина на полнење.

Redmi Note 11 SE доаѓа во Shadow Black и Space Blue боја, со почетна цена од 165 долари и подобрата верзија - 210 долари.

Автор: Aleksandar Stankov