ABBA започнува нов тренд, на сцената ќе има „АБАтари“ наместо членовите на групата

Објавено на 27.05.2022 во Смарт



ABBA започнува нов тренд, на сцената ќе има „АБАтари“ наместо членовите на групата

Легендарната шведска поп група ABBA се враќа на сцената во петок во Лондон, но во облик на аватари, кои што ќе ги прикажат членовите на групата онака како што изгледале во 1970 година, со светли костими и чизми со потпетица. Обожавателите ќе ги слушаат нивните гласови, но пејачите нема да бидат реално на сцената. 

Посетителите на концертот ќе ги видат „АБАтарите“ во холограмски облик, кои што ќе ги прикажат членовите на бендот како што изгледаа оригинално кога беа на врвот на својата популарност. „Го оставивме нашето срце во овие аватари и сега тие преземаат“, изјавил 77-годишниот член на бендот, Бјорн Улваус во Стокхолм.