Инвеститорите на Twitter го тужат Маск оти прекршил многу закони

Објавено на 28.05.2022 во Новости



Инвеститорите на Twitter го тужат Маск оти прекршил многу закони

Група на инвеститори во Twitter поднеле тужба против Илон Маск и самата платформа поради неговата понуда за преземање на тешки 44 милијарди долари. Како што се наведува во тужбата, Маск и самиот Twitter прекршиле цела низа корпоративни закони. 

Се наведува дека Илон Маск давал лажни изјави и така манипулирал со пазарот. Од таа причина создал хаос во седиштето на Twitter, во Сан Франциско. Маск дури и профитирал финансиски, затоа што не открил веднаш дека купил голем удел во Twitter и така планирал да влезе во управниот одбор на компанијата.