Инстаграм го освежи логото и фонтот, со цел да биде поатрактивен

Објавено на 28.05.2022 во Новости



Инстаграм го освежи логото и фонтот, со цел да биде поатрактивен

Инстаграм доби ново лого, со тоа што сака визуелно да ја освежи својата иконка, со нов фонт и распоред на реклами на цел екран. Со новиот дизајн се става акцент на содржината во центарот со фокус на едноставноста и самоизразувањето.

Новото лого се нарекува Gradient, за чие креирање е употребен иновативен процес со 3D моделирање со цел да биде поживописен. 

Автор: Aleksandar Stankov