Samsung постигна 5-годишен рекорд со пазарното учество во април

Објавено на 30.05.2022 во Новости



Samsung постигна 5-годишен рекорд со пазарното учество во април

Counterpoint Research го објави извештајот кој бренд најдобро се носи со кризата и имал највисоко пазарно учество минатиот месец. Samsung е еден од неколкуте брендови што објавија раст во април 2022 година. Продажбата на Samsung смартфони расте по 9% секоја година просечно, додека општо пазарот на смартфони растел 8% просечно секоја година и ги достигна најниските нивоа за време на пандемијата во 2020.

Импресивните резултати на јужнокорејскиот бренд се реализирани благодарение на Galaxy A-серијата од средната класа и премиум Galaxy S22 линијата. Counterpoint Research објави дека е зголемена побарувачката за Samsung уреди во Латинска Америка и Индија, кои што се најважните пазари, каде што обично владееше Xiaomi. Samsung го достигна рекордот со пазарното учество во последните пет години од 2017, со 24% на глобалниот пазар, заклучно со април 2022.