Honor го открива 70 Pro+ со Dimensity 9000 процесор

Објавено на 31.05.2022 во Новости



Honor го открива 70 Pro+ со Dimensity 9000 процесор

Honor најави три нови смартфони: 70, 70 Pro, и 70 Pro+. Последниот модел е најмоќниот премиум уред од тројцата, кој пристигнува со MediaTek Dimensity 9000 процесор, изработен од TSMC со 4nm процес на производство. 70 Pro+ и 70 Pro се опремени со 6.78-инчен OLED дисплеј со симетричен заоблен дизајн, додека Honor 70 Pro е со MediaTek Dimensity 8000 процесор со 5nm процес на производство.

70 Pro+ е опремен со 12GB + 256GB меморија, Honor 70 е со Snapdragon 778G Plus 5G процесор, 6.67-инчен екран и сите триу модели имаат Sony IMX800 54MP сензор и 50MP ултраширок сензор или макро сензор. Pro и Pro+ моделите се со 8MP телефото сензор со 3x оптички зум и 30x дигитален зум со OIS технологија. Предната камера на Pro верзиите е со 50MP сензор со видно поле од 100°. 

Honor 70 серијата може да снима видео истовремено и со предната и со задната камера. Двата Pro модела ги полнат батериите со 100W. За само 15 минути, батеријата од 4500mAh на 70 Pro и 70 Pro+ се полни до 60%, додека до 100% се потребни уште 15 минути, што значи дека за 30 минути се полнат телефоните тотално.

Honor 70 Pro+ доаѓа со 8GB + 256GB меморија и чини €600, 12GB + 256GB верзијата е €640. Моментално е достапен за преднарачка, а доставата започнува од 16 јуни. 70 Pro е достапен со 8GB + 256GB меморија, 12GB + 256GB меморија и 12GB + 512GB меморија. Honor 70 е достапен за преднарачки и започнува со достава од 7 јуни. Honor 70 серијата е достапна во следните бои: црна, сребрена, зелена, златна и бела боја.