Сингапурските роботи го дополнуваат недостатокот на работници

Објавено на 31.05.2022 во Новости



Сингапурските роботи го дополнуваат недостатокот на работници

Градот-држава се потпира на странците како поголема работна сила, но нивниот број од 2019 до 2021 година, паднал за 235.700 луѓе. Поради проширувањето на пандемијата се забрзувало и темпото на компаниите што преминуваат кон модерна технологија и автоматизација.

На градилиште во Сингапур може да се види како работи четириножниот робот Spot, произведен од добро познатата американска компанија Boston Dynamics. Неговата задача е да ги проучува калта и чакалот, за да се овозможи напредок во градежништвото, а собраните податоци се проверуваат во контролни простории на градежничката компанија Gammon

Според податоците на Меѓународната федерација на роботика за 2021 година, во Сингапур моментално се поставени 605 роботи на 10.000 вработени во преработувачката индустрија, што е втор најголем број во светот. На прво место е Јужна Кореја со 932 робота на 10.000 вработени.

Автор: Aleksandar Stankov