Спецификациите за Galaxy Z Flip 4 протекоа целосно
Објавено на 01.06.2022 во Преклопни уреди
Како што доаѓа времето за објавување на новиот Galaxy Z Flip 4, кој најверојатно ќе биде објавен во август, се повеќе информации протекуваат на интернет. Twitter ликстерот Yogesh Brar сподели список со спецификации за следниот Z Flip 4:
Главен екран: 6.7" FHD+ sAMOLED, 120Hz
Надворешен екран: 2.1" sAMOLED
Процесор: Snapdragon 8+ Gen 1
8GB RAM меморија
128/256GB внатрешна меморија
Главна камера: 12MP + 12MP (UW)
Внатрешна камера: 10MP
Android 12, OneUI 4
Батерија од 3,700mAh, жичено полнење од 25W и безжично полнење од 10W
Главниот екран од 6.7-инчи ќе биде со 120Hz стапка на освежување, додека надворешниот дисплеј се зголемува за малку до 2.1 инчи. Претходниот модел беше со 1.9-инчи.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.