TikTok тестира Clear mode опција за да ве ослободи од непотребни содржини

Објавено на 01.06.2022 во Новости



TikTok тестира Clear mode опција за да ве ослободи од непотребни содржини

TikTok е во фаза на развој на нови алатки, со кои што ќе можете да читате слободно, без ништо да ви го одвлече вниманието. Целта на 'Clear mode' е да ги ограничи нештата што ви го одвлекуваат вниманието. 

Експертите го забележале новиот режим на Clear mode, што значи дека новата опција се тестира само кај одреден број на корисници. Ако сакате да го активирате Clear mode, се тргнуваат сите кориснички имиња, натписи и други копчиња од интерфејсот за да немате никакви дистракции од содржината што ја читате и додека скролате.