Netflix почна со забрана за споделување на лозинки, корисниците ја откажуваат претплатата

Објавено на 02.06.2022 во Новости



Netflix почна со забрана за споделување на лозинки, корисниците ја откажуваат претплатата

Netflix најави уште од порано дека ќе има забрана за споделување на лозинки, со цел да се спречи користење на ист профил на оние што не се на иста адреса. Корисниците на истото место на живеење ќе може и понатаму да уживаат во истата претплата на Netflix со различни уреди, но оние што не се под ист покрив со оној што ја плаќа претплатата ќе треба да плаќаат дополнителен месечен надоместок.

Надоместокот нема да биде како класична месечна претплата, туку во Netflix размислуваат за цена околу 2 долара. Оние што се навикнати да им биде бесплатно, и ова би можело да им биде премногу.