Sony: Телефоните ќе фотографираат подобро отколку DSLR апаратите до 2024

Објавено на 02.06.2022 во Апарати за сликање



Sony: Телефоните ќе фотографираат подобро отколку DSLR апаратите до 2024

Смартфоните одамна ги заменија класичните дигитални фотоапарати, но љубителите на фотографија и професионалците и понатаму користат DSLR апарати и mirrorles апарати со објективи што се менуваат, затоа што им нудат далеку пошироки опции. 

Изгледа дека не сме далеку од моментот кога фотографијата ќе се снима со смартфони и ќе биде поквалитетна од оние снимени со професионални апарати. Sony се уверени во тоа, тоа го потврдил извршниот директор на одделот Sony Semiconductor Solutions (SSS), Теруши Шимизу. Квалитетот на фотографијата според него до 2024 година ќе го надмине квалитетот на фотографии снимени со DSLR и mirrorless апаратите.