Samsung го спрема Galaxy Z Fold 4 со екстра перформанси
Објавено на 02.06.2022 во Преклопни уреди
Samsung ја спрема новата генерација на преклопни смартфони, чие официјално претставување може да го очекуваме во текот на летните месеци. Благодарение на Ice Universe, неофицијално дознаваме дека Galaxy Z Fold 4 пристигнува со внатрешен AMOLED екран од 7,6 инчи, додека дијагоналата на екранот ќе биде 6,2 инчи со AMOLED панел со 120 Hz.
Под хауба се очекува Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, 12GB RAM меморија, батерија од 4400mAh, задна камера од 50MP+12MP+10MP , а ќе има и предна камера. Samsung го спрема и новиот Galaxy Z Flip 4. Двата модела ќе ги претстави сега во текот на летото.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.