Илон Маск на работниците во Tesla: Вратете се во канцеларија или напуштете ја компанијата

Објавено на 02.06.2022 во Електричен погон



Илон Маск на работниците во Tesla: Вратете се во канцеларија или напуштете ја компанијата

Големите технолошки компании во Силиконската долина не бараат од работниците да се вратат во канцелариите на полно работно време поради отпор од работниците, од причина што повторно се зголемува бројот на заразени од пандемијата во Калифорнија.

„Сите вработени на Tesla мора да поминат во канцеларија барем 40 часа неделно. Ако не се појавите, ќе претпоставиме дека сте дале отказ. Колку сте постари, толку повидливи мора да бидете. Затоа и јас толку долго живеев во фабриката, за да видат работниците на лентата дека и јас работам со нив. Да не го правев тоа, Tesla одамна ќе банкротираше“, напишал Илон Маск во мејлот што го испратил до вработените.

Два извора ја потврдиле веродостојноста на мејлот што Ројтерс го прегледал, а Tesla не ја коментира оваа објава. 

Автор: Aleksandar Stankov