Galaxy A04s ќе биде наследникот на Samsung Galaxy A03s, што ќе има?

Објавено на 03.06.2022 во Android



Galaxy A04s ќе биде наследникот на Samsung Galaxy A03s, што ќе има?

Време е за новата замена на Galaxy A03s буџетскиот модел на Samsung, за кого се откриени нови информации од @OnLeaks. Galaxy A04s се очекува да пристигне со 6.5-инчен дисплеј, Samsung Exynos 850 процесор, 3GB RAM меморија, Android 12 оперативен систем, а за камерата се уште немаме информации.

Samsung има одлична продажба во сегментот на евтини смартфони и со текот на годините се повеќе се надминува со продажбата на буџетски смартфони. Дизајнот на новиот модел не би требало многу да биде променет, но сепак очекуваме и новитети.