Илон Маск го најави прототипот на Tesla Bot за крајот на септември

Објавено на 05.06.2022 во Новости



Илон Маск го најави прототипот на Tesla Bot за крајот на септември

Tesla AI Day #2 би требало да се одржи во август 2022, но Маск на Twitter објави дека настанот се поместува за последниот ден на септември. Причината за поместувањето на настанот е што Tesla забрзано работи на својот робот и сака да го има прототипот до AI Day, односно 30 септември.

Извршниот директор на компанијата и веројатно идниот сопственик на Twitter најави дека сака да започне со производството на роботот до 2023 година, така што информацијата за скорашниот прототип не би требало да биде некое големо изненадување, иако треба да се има на ум дека идеите на Маск често се реализираат со задоцнување. 

Автор: Aleksandar Stankov