Apple го претстави iOS 16 со плаќање на рати преку Wallet

Објавено на 08.06.2022 во iOs



Apple го претстави iOS 16 со плаќање на рати преку Wallet

Apple WWDC и оваа година објави неколку новости со кои што на корисниците на Apple може да ги развеселат до 2022 година, но и подоцна. Очекувавме очила за виртуелна и проширена реалност, но сепак немаше таков уред. Apple ја најави новата верзија на оперативен систем iOS 16, кој што добива нов изглед и ќе може да го прилагодат потполно според своите желби. 

Ќе може да додавате позадини, да го промените фонтот на часовникот, да додавате нови виџети за време, активности, настани во календарот, итн. Новиот iOS 16 ќе стане достапен за корисниците на iPhone 8 и поновите уреди есента оваа година. Има големи промени во iMessage, апликацијата за размена на пораки. Корисниците отсега ќе може да ги поправаат грешките во испратените пораки и да ги повлечат пораките во рок од 15 минути. Ќе можете ако сакате и да диктирате пораки додека се движите. 

Со Apple Pay се овозможува плаќање на рати, односно опцијата „купи сега, плати подоцна“. Ратите би се плаќале на секоја втора недела, а со плаќањето ќе управува апликацијата Wallet. Одложеното плаќање ќе стане достапно секаде каде што е достапен Apple Pay, а корисниците ќе може да го активираат кога ќе ја вклучат Apple Pay опцијата за плаќање во физичка или онлајн продавница.