Apple M2 чипот има 18% побрз процесор и 35% побрза графика

Објавено на 09.06.2022 во iOs



Apple M2 чипот има 18% побрз процесор и 35% побрза графика

После M1, M1 Pro, M1 Max и M1 Ultra, Apple го претстави помоќниот M2 чип. Како што истакнува за време на претставувањето, M2 овозможува многу подобри перформанси, за 18% побрз процесор и 35% побрзи графички перформанси во споредба со M1. Од Apple тврдат дека новиот M2 е речиси два пати побрз од последниот 10-јадрен PC чип за лаптопи. Изработен е преку 5nm процес со 20 милијарди транзистори, содржи 100Gbps проток на податоци и меморија од 24GB.

Apple користи четири високо-ефикасни јадра со 4MB кеш и четири јадра за високи перформанси со 16MB кеш. Со сето тоа GPU пристигнува со 10-јадра и многу поголем проток на податоци од M1. Првите уреди во кои што ќе се вгради M2 се MacBook Air, опремен со MagSafe опција за полнење, 13,6-инчен екран, подобра камера и 18 часа автономија. Во зависност од одбраните перформанси, новиот MacBook Air би требало да биде достапен од јули по почетна цена од 1.199 долари, но Apple се уште не почнал со преднарачките.