Apple Passkeys е замена за внесување на лозинка, има нов iPadOS 16 и специјален држач за iPhone

Објавено на 09.06.2022 во iOs



Apple Passkeys е замена за внесување на лозинка, има нов iPadOS 16 и специјален држач за iPhone

Новата верзија на macOS 13 Ventura доаѓа со Apple Passkeys во Safari. Новата опција би требало да ги замени лозинките, односно да им овозможи на корисниците да се пријавуваат на различни профили и платформи со помош на iPhone или Mac.

Идејата е на корисниците да им се овозможи полесно користење на различни услуги, а притоа да се намали можноста за профилите да им бидат компромитирани со кражба на лозинка. Така на Apple уредите би ја замениле лозинката со Face ID или Touch ID или PIN поставен на уредот.

Apple најави и дека со новиот macOS ќе им се овозможи на корисниците да ја користат камерата од iPhone, наместо веќе вградена камера во компјутерот. За таа цел ќе треба да се постави iPhone на специјален држач, кој ќе биде претставен на крајот на 2022 година. 

iPadOS 16 исто така има многу нови можности за соработка со кои што на корисниците им се овозможува истовремено да соработуваат со повеќе корисници во истата апликација, како што е Pages или Freeform. Со новиот Stage Manager, корисниците ќе може да користат неколку апликации истовремено, така што ќе може да ја променат големината на различните прозорци во кои што се отворени апликациите. Но, само ако користат iPad со M1 чип или понов.