Starlink Ukraine доби лиценца за работа, официјално започнува со услуга
Објавено на 10.06.2022 во Вселена
Starlink Ukraine доби лиценца на оператор во Украина, јавува украинската агенција Interfax. Компанијата е запишана во регистарот на провајдери на електронски комуникациски мрежи и услуга. Претставништвото на SpaceX наскоро ќе почне со активна работа во Украина, напиша потпретседателот на Владата и Министерот за дигитална трансформација, Михајло Федоров, на својот канал на Telegram.
Според јавниот регистрар за правни лица и претприемачи, Starlink Ukraine LLC е регистриран на 27 април, 2022 година, во Киев. Шефица на новата компанија е Олена Кандија. Основач на украинската компанија е Starlink Holdings Netherlands B.V., а главниот сопственик е Илон Маск.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.