Соларен автомобил може да го реши проблемот со полнење на батериите

Објавено на 13.06.2022 во Електричен погон



Соларен автомобил може да го реши проблемот со полнење на батериите

Lightyear е компанија за развој на соларни автомобили, која што опстојува веќе неколку години. Новото електрично возило е креирано со соларни панели, преку кои што се полни батеријата. После шест години развој на прототипот Lightyear One, минатата недела го претставиле неговиот конечен дизајн - Lightyear 0.

Производството на овој прототип би требало да започне оваа есен, а првите испораки се очекуваат во ноември. Планирано е производство на 946 парчиња од Lightyear 0, а неговата цена се очекува да биде дури 250 илјади евра.