Европа даде зелено светло за поголеми брзини на автономните возила

Објавено на 13.06.2022 во Електричен погон



Европа даде зелено светло за поголеми брзини на автономните возила

Меѓународниот стручен панел на Европа прифати да се зголеми максималната брзина за самостојни автомобили во одредени ситуации. Според одлуката објавена во четвртокот, ограничувањето на брзината за автономни возила би било подигнато за 60 километри на час, односно вкупно 130 километри на час. 

Менувањето на лентите е исто така дозволено. Се работи за предлог, што треба да го потврди Светскиот форум за соодветни правила за возилата - UNECE, кој се состанува од 21 до 24 јуни, што е само обична формалност, која 99% е сигурно дека ќе го усвои новото правило.