100 години стар Лаjка фотоапарат продаден за 14,4 милиони евра!?

Објавено на 14.06.2022 во Новости



100 години стар Лаjка фотоапарат продаден за 14,4 милиони евра!?

Лајка (Leica) фотоапарат бил продаден на аукција во Германија за неверојатни 14,4 милиони евра. Тој е еден од првите произведени фотоапарати на престижната компанија Лаjка.

Прототипот на „Лаjка 0 серија“ (сериски број 105) е стар речиси 100 години и претставува вистински раритет на пазарот. Таа е една од првите камери со 35мм калибар. Фотоапаратот бил сопственост на германскиот фотограф Оскар Барнак, кој исто така е пронаоѓач на 35-милиметарската камера. Во 2018 година, друг Лајка од нула серијата бил продаден за 2,4 милиони евра.