После 27 години Microsoft го гаси Internet Explorer
Објавено на 15.06.2022 во Новости
Microsoft од 15 јуни престанува да овозможува техничка поддршка за последната верзија на прелистувачот Internet Explorer 11. Компанијата пред година дена објави дека Explorer ќе биде отстранет од повеќето верзии на оперативен систем Windows 10.
Во неговата надградба Windows 11, објавен минатата година, тој не бил ниту вклучен. Internet Explorer прв пат се појави во 1995 година, како дел од оперативниот систем на Windows 95. Microsoft во 2016 година престана да го развива, кога го лансираше својот нов прелистувач Edge. Explorer порано беше најкористен интернет прелистувач, кој својот врв го достигна во 2003 година, со 95% учество на пазарот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.